Шилегов ќе бара да се разреши директорката на Централен регистар

Скопскиот градоначалник најави и дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, ќе фрлат ѓубре со картички.

4837

Ќе барам разрешување на директорката и на регистраторите на Централен регистар ако и натаму одбиваат „Дрисла“ да ја впишат во владение на  Град Скопје

Ова вечерва за „Топ тема“ го изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој најави дека ако проблемот наскоро не се реши ќе бара и кривична одговорност од директорката.

Скопскиот градоначалник најави и дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, ќе фрлат ѓубре со картички.

Тој појасни дека контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. За секоја зграда ќе има наменет контејнер, кој ќе работи со тие картички.

Шилегов појасни дека и новите контејнери кои ги купи Градот и кои веќе се распределуваат по општините, имаат можност да бидат „паметни“, односно да јавуваат дека се полни, за да дојде камионот и да ги испразни.

Шилегов вели дека сега ги имаат контејнерите, а се чека да се реализира тендерот за „Смарт сити“, па да се инсталира програмата за „паметни контејнери“.

Неговата визија е секоја куќа во Скопје да има по неколку канти за селектирање отпад, но за тоа треба и да почне со работа „Дрисла“, односно да се воспостави систем на селекција и таму. Инаку, се би било залудно, вели Шилегов.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...