На промоцијата на новите автобуси на ЈСП, скопскиот градоначалник Петре Шилегов откри дека постојат големи проблеми во набавката на делови за кинеските двокатни автобуси поради коронавирусот.
– Новите автобуси се од познатиот бренд „МАН“ и тие не се како кинеските двокатни автобуси за кои сега не можеме да набавиме делови поради коронавирусот – истакна Шилегов.
Како што најави тој, на 12 март годинава би требало во Скопје да пристигнат 17 од вкупно 33 автобуси, а како што додаде, тие ќе бидат во црвена боја како заштитен знак на градот.