Шилегов ја раскопа Бихаќка и остави купови прашина (ФОТО)

927

Со денови граѓаните се прашуваат зошто ги раскопаа улиците Бихаќка и Огњан Прица кога втора недела ги оставија неасфалтирани.

Град Скопје пред неколку дена го изгреба горниот слој од асфалтот на крстосницата на која се спојуваат улиците Павел Шатев (поранешна Бихаќка) и Огњан Прица и го остави така. Оставија и неколку купчиња со остатоци од изгребаниот асфалт – чисто да има од каде да се разнесува прашина.

Како што поминуваат возилата зад нив се креваат облаци од прашина. Пешаците додека чекаат на семафорите дишат воздух полн со прашина. Граѓаните од околните згради не можат ни прозорец да отворат.

Прашањето до Град Скопје е зошто ги изгребаа улиците и ги оставија неасфалтирани? Не можеше ли да се изгребат и веднаш да се асфалтираат? Што се чека и уште колку долго ќе се чека додека се стави новиот асфалт? Нели се фалеа дека работат и ноќе?

Како и да е, ваквиот начин на работа е бесмислен и никако не соодветствува со мерките против загадувањето на воздухот. Нема оправдана причина поради која граѓаните со денови се оставени да дишат воздух полн со прашина. Ако не биле спремни да ја завршат работата одеднаш, подобро и да не почнувале.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...