Градоначалникот на Скопје и потпретседател на СДСМ Петре Шилегов, не ја исклучува можноста за индивидуална одговорност во партиските структури за драстичното намалување на гласовите, вклучувајќи го и градот Скопје, по првиот круг од претседателските избори, пренесе Алсат.
Шилегов рече дека тој и неговата партија ја добиле пораката од граѓаните и апелираше за поголема излезност во вториот круг. Тој нагласи граѓаните да не ја казнуваат државата, туку нив по изборите.