Вечерва ќе почне украсување на улиците во Скопје за новогодишните празници. Првата улица која ќе блесне празнично ќе биде Илинденска.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, рече дека за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години.
За тоа кој ќе пее на новогодишната прослава, Шилегов одговори дека граѓаните ќе бидат известени кога ќе биде донесена одлука. Скопје, рече, дефинитивно нема да ја дочека „Новата“ со Цеца.