Шилегов на генерална проба на светлосниот тунел ВИДЕО

1331

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вчеравечер направи генреална проба на новата новогодишна атракција во Скопје, дигиталниот или светлосен тунел.

Скопјани и посетителите на метрополата ќе може да се забавуваат во зимската населба Winterland.

Видеото од генералката на дигиталниот тунел Шилегов го објави на фејсбук. Тој љубопитните граѓани ги канеше вечерва да дојдат и да уживаат во новогодишната атмосфера.

Вечер во 19 часот ќе биде вклучена централната новогодишна елка која е  поставена  на  плоштадот „Македонија“, а во 18.45 ќе почне пригодна програма од новогодишни песни кои ќе ги изведе хор составен од 180 ученици од повеќе средни училишта од градов, соопштија од Град Скопје.

Централната новогодишна елка со висина од 21 метри, и е осветлена со  неколку илјади светилки и  светлосни фигури, а ќе свети во различни бои.

Годинава првпат плоштадот освен светлосен тунел ќе биде декориран и со светлосна фонтана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...