Контејнери со чипови кои ќе откриваат кој контејнер е полн и треба да се испразни, најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.
– Состојбата со комуналниот отпад се базира на еден модел кој е сериозно застарен. Веќе најавив дека Град Скопје ќе започне со вистинска дигитализација. Наместо досегашните рути, планот е компјутеризацијата да ја прави рутата, според тоа кој контејнер е полн. Во контејнерите да има чипови. Возилата би биле нови и специјални. Инсистирам контејнерите да бидат достапни за лицата со посебни потреби – рече Шилегов.