„Откако помина „струјниот удар”, малку нормална вожња. Во основа е едноставно, но треба навикнување на почеток. Може и ќе го заменам тротинетот“, напиша градоначалникот Петре Шилегов.
Тој напиша и „По почетното привикнување, по првпат на Сегвеј“.
Со тоа, тој одговори на малиот проблем што го имаше, а беше фатено на Фејсбук, по што се споделувае видео, со коментари дека има проблем со рамнотежата и дека итно му е потребна обука.