Шилегов: Малите кучиња во Вардариште не починаа затоа што биле таму

1667

Малите кучиња од Вардариште не починале поради тоа што биле таму. Ќе се породи кучка со кучиња и по природна селекција некои умираат, рече градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Град Скопје.

-Зошто некој досега не работел системски? Зошто немало досега градски регистер за миленичиња? – рече Шилегов одговарајќи на обвинувањата дека мали кучиња умреле во стационарот поради лоши услови и болести.

Една од советничките рече дека сите советници треба да разговараат на оваа тема, а не некои да доаѓаат само за да се напијат кафе и да кренат раце дали се за или против.

Советниците во градското собрание со 27 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан“ ја изгласаа да се измени одлуката за субвенционирање ја ЈП „Комунална хигиена“ со што се предвидура измена во буџетот предвиден за стационарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...