Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека не го прочитал писмото кое над 250 уметници го испратија до премиерот Зоран Заев апелирајќи да не се менува раководството на МКЦ каде надводно за директор се спрема музичарот Бени Шаќири.
– Не го прочитав писмото на уметниците, затоа што не беше адресирано кон мене и немам коментар за ситуацијата, бидејќи сметам дека живееме во општество, каде што сѐ уште пребрзо се суди, кога постапката уште не е завршена – рече Шилегов.