Во текот на јули ќе се распише тендер за изградба на важни инфраструктурни објекти изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешниот италијанско-македонски бизнис форум за градежништво енергетика и животна средина.
– Проектната документација веќе е завршена и на меѓународниот тендер ќе треба да направиме избор на компании кои ќе го градат вијадуктот, мостот на реката Вардар и тунелот – рече Шилегов.
Тој ги повика италијанските компании да учествуваат на овој и другите тендери кои ќе ги распише Градот поврзани со инфраструктурата и заштитата на животната средина која е приоритет во неговите активности.
Шилегов соопшти дека очекува колекторскиот систем на реката Вардар да биде завршен до 2020 година кога ќе биде распишан и тендер за пречистителната станица.
– Со тоа ќе обезбедиме низ користот на реката Вардар да тече чиста вода – рече Шилегов.
Градот Скопје, како што изјави, неговиот градоначалник, посебно посветува внимание на загадувањето.
– Сакаме да го направиме зелено Скопје. Планираме 8.000 садници за негово разубавување. Но сакаме тоа да бидат дрвја кои веднаш ќе придонесат за подобрување на животната средина и амбиеталниот воздух. Иалијанските компании се познати по тоа дека обезбедуваат вакви садници и затоа ги повикувам да учествуваат на нашите тендери – рече Шилегов.
Тој најави дека Градот ќе набавува и 30 еколошки автобуси, а инвестиции ќе има и во гасификацијата и енергетско ефикасни фасади за училиштата како и проширување на парното.
– Веќе донесеовме одлука за формирање на Јавно претпријатие за топлинска енергија и планираме да ја прошириме мрежата за да можат што повеќе граѓани да се вклучат на парното кое ќе влијае поволно на животната околина и намалување на загадувањето. До крајот на месецов и формално ќе го регистрираме јавното претпријатие, и ќе конкурираме залиценците кои се неопходни за негово работење – информира Шилегов.
Од голема важност, како што рече Шиелгов е тоа што во јули ќе се инсталира новиот филетр на печката за уништување на медицинскиот отпад во Дрисла.