Шеќеринска: „Рекет“ покажа дека веќе никој не е над законот

-Ако ги анализирате предметите со т.н. бомби ќе видите дека првиот случај за кој требаше една година и половина за да влезе во судска постапка веќе три години е заглавен во судски лавиринти - вели министерката за одбрана

278

Случајот „Рекет“ и сите истраги поврзани со него покажаа дека навистина никој не е над законот, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Радио Слободна Европа, додавајќи дека тоа е така затоа што веќе никој не го крева телефонот на судии и на обвинители за да им каже што да прават.

Таа оценува дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле насочени кон правда, туку кон лаги, дезинформации и бегство од одговорност.

– Приказната или нивните реакции врзани за овој случај е ишкање на мувата за да не видиме колку државата се променила во овие две и пол години. Јас ќе ви кажам еден обичен пример за кој информираа невладините организации кои ги следат различните предмети во судството. Ако ги анализирате предметите со таканаречените бомби ќе видите дека првиот случај за кој требаше една година и половина за да влезе во судска постапка веќе три години е заглавен во судски лавиринти. И овие денови врз основа на она што се случува во случајот „ТНТ“, гледаме како тоа го прават. Прво се бега од рочишта, потоа се бара одлагање на рочиштата, потоа се менуваат адвокати, па луѓето коишто зборуваа против употребата на албански јазик, наеднаш ангажираат адвокати кои бараат сè да им се преведе на албански јазик – додава министерката за одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...