Ја слушав Шеќеринска десет минути (толку максимално можам да ја издржам), ама доволно за да знам дека повторно кажала оти „имаат подобри резултати од ВМРО-ДПМНЕ“.
Еден ПР-совет за министерката (иако има доволно „експерти“ околу себе):
Немојте веќе да се споредувате со ДПМНЕ. Секое такво нешто оди на ваша штета. Не затоа што искажаното не е вистина, туку затоа што помина моментот кога граѓаните беа преокупирани со криминалот на Грујо.
Веќе најмалку една година, ја гледаат само сегашната власт и бараат резултати од неа. Најмалку една година, секое споменување на ДПМНЕ од ваша страна, без оглед што е во негативен контекст, оди на ваша штета, а во нивна корист.
Се виде од претседателските избори. Со овој тренд, во 2020-та ќе ни се случи 2006-та: ДПМНЕ нема да освои спектакуларно многу гласови, ама вие ќе имате катастрофално малку.