Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска се огласи по бомбата објавена на социјалните мрежи од фамозниот Ел Чека.
– Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013. Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти! – напиша Шеќеринска на Фејсбук.
Во бомбата, Шеќеринска бара Јакупи да гласа принципиелно и според законот, за општините Куманово и Центар, што ќе му донесе победа на тогаш опозицискиот СДСМ. Станува збор за изборите на кои градоначалник на Центар стана Андреј Жерновски.