На крајот од четвртата сезона на кулинарското шоу „Брза кујна“, еден од домаќините, односно шеф Никола откри што големо го чека на приватен план.
Тој откри дека заедно со својата избраничка ќе стапат во брак на 6 јули, а соопшти и дека Стефанија е бремена со нивното прво дете.
Подготовките се при крај, а двојката со нетрпение ги очекува среќните мигови.
Ова е втор брак за 35-годишниот готвач. Тој претходно беше оженет со Маја, со која има дете.
ФОТО: ФЕЈСБУК/НИКОЛА МИШКОВСКИ