Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи прокоментира дали трансферот на Кристијано Роналдо го одвел клубот во минус и кој друг фудбалер би можел да го засили италијанскиот гигант.
– Минатата година ние знаевме дека ги губиме Буфон и Игуаин. Јас му реков на нашиот претседател Ањели дека постојат два начина да го мотивираме тимот: да го купиме Кристијано Роналдо или Икарди и да предизвикаме една неверојатна бура. Потпишувањето со Кристијано е договор, кој на економско ниво веќе се исплати – изјави Паратичи пред „Газета дело Спорт“.
Во однос на тоа кој фудбалер сега може да го направи посилен тимот од Торино, Паратичи со интересен одговор.
– Тешко е да се каже. Можеби Меси. Дури и за Нејмар имам сомнежи -смета шефот.
Тој ја прокоментира и иднината на тренерот Масимилиано Алегри.
– Алегри е еден од петте најдобри тренери во светот. Тој е многу умен човек. Се разбира дека останува – додаде Италијанецот.