Шеф Елена Сотирова: Брзозборка во кујна

За неа не важи онаа старата српска изрека: Куварице мање збори да ти ручак не загори. Таа е брзозборка која е подеднакво брза и со кујнските алатки. Едноставно, не можете да ја следите бидејќи додека вие да го свртите погледот, таа веќе ја ставила чинијата пред вас и со ширум отворени очи ја очекува вашата реакција.

414

Елена Сотирова има само 26 години, а што сака да биде знаела уште од мали нозе. Како дете, постојано се врткала околу баба си чие име го носи, а која била шеф на кујна во ресторанот „Победа“.

Уживала да ѝ помага во готвењето па кога по завршувањето на основното училиште посакала да се запише во средното угостиотелско училиште „Лазар Танев“ никој не бил изненаден.

Сепак, родителите не ја поддржале нејзината желба.

Напротив, ја посоветувале да се запише во гимназијата „Јосип Броз Тито“ заедно со нејзината сестра-близначка.

Целиот текст можете да го прочитате на порталот „Арт кујна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...