Шеф Дејан Карапеев и македонската кујна на Kitchen TV

Kitchen TV е единствен проект во регионот посветен на говењето, исхраната, туризмот, културата, традицијата, но и едукацијата за здравите животни навики. Помеѓу готвачите од другите земји од регионот кои готват, снимаат и ги промовираат домашните специјалитети и локалните специфичности од својата матична земја, е и нашиот шеф Дејан Карапеев

974

Единствениот проект во регионот кој е во целост посветен на готвењето, исхраната, туризмот, културата, традицијата, но и едукацијата за здравите животни навики – Kitchen TV емитува 24.часовна програма, која се состои од повеќе од 40 серијали со околу 4 000 епизоди.

За Kitchen TV снимаат повеќе од 40 готвачи – автори на емисии. Земајќи предвид дека овој дел од Европа е простор кој е близок по јазикот, културата, менталитетот и дека народите од регионот ја делат кулинарската традиција, императив на уредувачката политика на оваа телевизија е на гледачите да им понуди содржина која ќе ги промовира сите локални специфичности.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Kitchen TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...