Шефот на ФИФА со закана за европските гиганти за Супер лига

104
epa06610807 President of FIFA, Gianni Infantino speaks during a press conference in Panama City, Panama, 17 March 2018. Infantino stated that the Video Arbitration System (VAR) is here to stay and that the 2018 Russian World Cup will be 'historic and exceptional'. EPA-EFE/Bienvenido Velasco

Шефот на ФИФА, Џани Инфантино, упати сериозна закана кон европските гиганти, за кои „Фудбал Ликс“ откри дека размислуваат за создавањето на затворена Супер лига.

– Таква веројатност постои, навистина. Верувам сепак дека раководствата на водечките европски клубови ќе пројават разум и нема да се одделат од колективот – изјави Инфантино.

Неговата закана кон нив, во случај на создавање на таква Супер лига, е дека ќе ги отстрани од учество на Мундијалот сите фудбалери, кои играат во неа.

Како компензација, Инфантино повторно ја промовира идејата за нов формат на Светското клупско првенство во кое ќе учествуваат најсилните тимови од Конфедерациите и тоа не само шампионите.

Конечното разгледување на оваа идеја и нејзино евентуално усвојување ќе се одржи на Конгресот на ФИФА во Мајами во март 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...