Полицијата во Чикаго синоќа излезе со официјално обвинение против актерот Џеси Смолет за кривично делo тешка измама поради лажен напад.
Нападот врз Смолет беше осуден од многумина во САД како расистички и хомофобичен акт на насилство. Тој инаку игра главна улога во популарниот серијал „Империја“ и отворено се претставува како хомосексуалец.
На 29 јануари во раните утрински часови Смолет се враќал дома и бил нападнат од двајца кои го испрскале со течност за обелување и му врзале јамка околу врат. Според подоцнежните искази на актерот пред истражителите, напаѓачите извикувале „ова е МАГА земја“.
„МАГА“ е кратеница од „направи ја Америка повторно велика“, слоган на претседателот Доналд Трамп од предизборната кампања во 2016 година.
Во своите подоцнежи гостувања на неколку емисии, како и претходно пред полицијата, Смолет се претствуваше како жртва на линч од страна на радикални десничари и бараше извршителте на нападот да се доведат пред лицето на правдата.
Полицијато во Чикаго отвори истрага и работеше макотрпно да ги лоцира двајцата напаѓачи кои беа снимени на камери но лицата не им беа идентификувани. Но од жртва актерот стана обвинет. Шефот на полицијата во Чикаго синоќа на голема прес конференција ги обелодени резултатите од исрагата и обвинението против актерот.
– Глумецот во „Империја“ Џеси Смолет цинично ги искористи болката и гневот на расизмот за да ја унапреди својата кариера. Се прашувам како може некој афроамериканец да го исползува симболот на јамката за лажни обвинувања и сопствена промоција – изјави Еди Џонсон, раководител на чикашката полиција.
Додаде дека случајот со измамата на Смолет го одвлекло вниманието и ресурсите на полицијата од вистинскиот криминал во градот, насилството и убиствата кои се критични за Чикаго.
Според резултатите од истрага објавени на четири страници, неколку денови пред нападот актерот изготвил анонимно писмо со симболот МАГА и со смртни со закани до негова адреса и го испратил до сетот каде се снима серијата. Смолет потоа ангажирал двајца браќа за сума од 3.500 долари да симулираат напад врз него. Ден пред нападот тие дури дошле и заедно со актерот направиле генерална проба. Полицијата поседува снимки од разговорите помеѓу актерот и браќата.
Двајцата се идентификувани како Абимбола и Олабињо Осундаиро, Нигеријци кои работеле во филмската екипа на „Империја“. Веднаш по лажниот напад тие заминале за Нигерија и минатата недела биле задржани од полицијата во чикашкиот аеродром кога се вратиле од патувањето.
Браќата пред истражителите го признале делото и се пуштени на слобода како жртви на насилство. Судот одобри Смолет да се брани од слобода со кауција од 100,000 долари. Актерот е обвинет за тешко кривично дело измама и доколку биде осуден може да добие казна затвор од три години.
Адвокатите на Смолет ги отфрлаат обвиненијата поднесени против него.
ФОТО: EPA / TANNEN MAURY