Шефот на обезбедување на Велјановски на 27 април носел вода кај демонстрантите пред кабинетот на спикерот

1160
ФОТО: EPA/STR

Видео снимка од безбедносната камера во холот пред кабинетот на поранешниот собраниски спикер Трајко Велјановски е првата која се презентира на денешното рочиште за настаните од 27 април лани во Собранието.

Од неа може да се забележи раздвиженост во холот пред кабинетот на Велјановски откако толпата веќе навлезе во законодавниот дом. Се забележува обвинетата Елена Божиновска, вработена во Собранието, како постојано се движи низ холот, често со мобилен во рацете, а подоцна и како таа има кратка комуникација со дел од другите обвинети меѓу кои Игор Југ, како и Дејан Давидовски и Горанче Ангеловски Ќосето кои се со фантомка.

На снимката на почетокот се гледа и обвинетиот Никола Митревски Кољо, кој прво е со фантомка, а потоа ја трга, како се движи кон кабинетот на Велјановски.

Во холот може да се забележи и тогашниот шеф на обезбедувањето на Велјановски, Горан Ѓошевски кој исто така сега е обвинет. Тој во еден момент носи и пакет со вода кој го остава на масата во холот каде има лица со фантомки меѓу кои и обвинетите Дејан Давидовски и Митре Питроповски. На снимката подоцна се забележува и како тој си прави муабет со еден од лицата со фантомки.

ФОТО: EPA/STR

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...