Шефот на Европската народна партија, Жозеф Дол, на твитер побара граѓаните во Македонија да „избегнат бојкот“ на претстојниот референдум.
– Народот на ПЈРМ ќе има историска шанса да одлучи за иднината на Македонија на референдумот во недела. ЕПП секогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на регионот како и граѓаните да го искористат своето демократско право да изразат мислење и да избегнат бојкот, напиша Дол на Твитер.