Шефот на британското здравство ја нападна Гвинет Палтроу: Таа е ризична за луѓето ВИДЕО

Серијата „The Goop Lab“, снимена во седиштето на нејзината компанија за здрав живот, ги истражува ефектите од алтернативните методи на лекување.

1422

Шефот на британската здравствена служба (НХС) Симон Стивенс ја обвини новата документарна серија на Гвинет Палтроу на „Нетфликс“ дека претставува „значаен здравствен ризик“ за јавноста, пренесе Би-би-си.

Серијата „The Goop Lab“, снимена во седиштето на нејзината компанија за здрав живот, ги истражува ефектите од алтернативните методи на лекување.

„Нетфликс“ објави дека целта на серијата е „да забавуваат, а не да даваат медицински совети“.

Но, Стивенс ја обвини серијата за ширење дезинформации.

Портпаролот на „Goop“ вели дека серијата е „транспарентна во покривањето на новите теми кои можеби немаат научна поддршка или се во раните фази на анализата“.
Контроверзниот документарец во продолженија започна да се емитува во петок 24 јануари.

Во шесте продолженија, Палтроу ангажирала лекари, истражувачи и алтернативци за да ги испитаат процедурите кои се движат од „енергетскиот егзорцизам“ до употребата на психоделични дрогу во лекувањето на менталните болести.
Стивенс ја нападна Палтроу и нејзиниот тим во говорот во четвртокот во Оксфорд дека промовираат практики кои претставуваат значителен ризик за здравјето или митови како што е лекувањето со движења на рацете на исцелителот над телото на пациентот.

Нејзината компанија „Goop“ сега вреди околу 250 милиони долари.

Во 2018 година, „Goop“ се согласи да плати 145.000 долари поради изнесувањето на ненаучни тврдења за вагинални јајца, за кои тврдеше дека „ги балансираат хормоните и го регулираат менструалниот циклус“.

FOTO: Index.hr/Screenshot/YouTube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...