Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу ги прокоментира обвинувањата на Атлетико Мадрид дека Каталонците преговарале со Антоан Гризман далеку пред 1 јули.
Датумот е клучен, бидејќи тогаш цената на Французинот падна од 200 милиони на 120 милиони евра. „Јорганџиите“ ја обвинуваат Барса дека се договориле со голгетерот уште напролет и затоа сега ја должат максималната сума.
– Зборував со Атлетико Мадрид. Тие не можат да докажат ништо. Ги разбирам, тие си го следат својот интерес. Се слушнав со Керезо и ќе видиме што ќе се случи овие денови. Но, навистина нема што да се каже за темата. Го земавме Гризман во вистинскиот момент. И нема да се запреме со подобрувањето на составот – ладнокрвно изјави Бартомеу.
ФОТО: EPA / Toni Albir