Шест милиони денари првична помош за Албанија

32

Шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија ќе издвои Владата на Република Северна Македонија.

Ова беше одлучено вечерва на седница на Владата, а како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја.

Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...