Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и претседателката на Советот Љубица Јанчева денеска се сретнаа со ракометарите на РК Вардар и на претседателот на клубот и на играчите им го врачија чекот од шест милиони денари.
„Град Скопје секогаш ќе стои зад европскиот шампион РК Вардар затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. Им благодарам на ракометарите за подарената ракометарска топка со потписи и искажаната благодарност од нивна страна за помошта што Град Скопје ја даде за нивен достоинствен пречек“, напиша Шилегов на својот фејсбук профил.
Шилегов објави дека во неформален разговор со кафе и баклава, си ветиле дека ќе се видат и догодина на прослава за нова титула.