Шест малолетници формирале група и ограбувале куќи на иселеници во Чергане

Вкупната корист што противправно ја оствариле во овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари. 

148

Полицијата од СВР Тетово расчисти вкупно 27 тешки кражби и обиди за тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против шест малолетници од гостиварското село Чегране. Три од лицата се на возраст од 15 и исто толку на возраст од 17 години.

Како што соопшти денеска МВР, шесте малолетници се сомничат дека во периодот од ноември 2018 до август 2019 година, делувајќи во група и со употреба на сила, провалувале во куќи претежно на времено вработени во странство од Чегране, како и во други објекти во ова село и противправно одземале златен накит, алати, облека и технички производи. Одземеното го криеле во напуштен објект – штала во Чегране и подоцна го продавале на други лица.

Вкупната корист што противправно ја оствариле во овие кражби се проценува на 418 илјади денари, а причинетата материјална штета на 224 илјади денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...