Во сообраќајна незгода меѓу автомобили марка „ауди“ и „форд ескорт“ полесно се повредени шест лица, а меѓу нив и жена во поодмината бременост.
Незгодата се случи околу 12.30 часот на Булеварот Маршал Тито, во центарот на Струмица.
Според информации од доктор Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение при струмичката болница, кај сите се констатирани само лесни телесни повреди и никој не е задржан на лекување. Сите биле прегледани од ортопед, а единствено врз бремената жена ќе бидат извршени дополнителни прегледи.
Полицијата изврши увид на местото на незгодата.