Шест млади лица се повредени при излетување со возило на патот Тетово-Попова Шапка кај селото Лисец. Тетовската полиција информира дека незгодата се случила ноќеска, еден час по полноќ.
– Патничкото моторно возило БМВ со тетовски регистарски таблици, управувано од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетало од коловозот во близина Лисец. При тоа возачот и петте сопатници во возилото на возраст од 16, 18, 19 и 20 години се повредени. Тие се пренесени во Тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полицијата извршила увид на местото на сообраќајната незгода.