Најмалку шест лица загинаа, а над 20 се повредени откако едно лице отвори оган во новинската редакција на весникот „Капитал“, во Анаполис, Мериленд, јавија американските медиуми.
Локалната полиција на Твитер соопшти дека зградата е евакуирана и оти одговарила на повикот, со кој им било јавено дека некоја личност пука кон вработените.
Локалниот шериф Рон Бејтмен изјави дека еден осомничен е уапсен.
Федералното истражно биро соопшти дека нападот засега ќе го третира како локален инцидент, а не како терористички акт .
Се уште не се познати мотивите за нападот врз редакцијата на „Капитал“.
JUST IN: Active shooter situation reported at a newspaper in Annapolis, Maryland https://t.co/IV2vqV2Ts7 pic.twitter.com/FXp52DEXHj
— CBS News (@CBSNews) June 28, 2018