Шестмина живеат нов живот со бубрег од кадавер

За да се доближиме до развиените земји во овој сегмент - кадаверична трансплантација, треба да имаме од 5 до 10 донори на 1 милион жители.

395

За три месеци шест пациенти живеат нов живот откако добија бубрег од кадавер (лице во мозочна смрт) во периодот од ноември до средината на февруари годинава. Пресадувањата на бубрези се направени успешно и сите болни добро се опоравуваат.

– Освен овие од кадавер, имавме и 20 пресадувања на бубрези од жив дарител. Се обидуваме да ја зголемиме свеста за донирање органи и впечатокот е дека сега разговорите со семејствата на дарителите се малку полесни, го разбираат процесот. За да се доближиме до развиените земји во овој сегмент – кадаверична трансплантација, треба да имаме од 5 до 10 донори на 1 милион жители. Би биле повеќе од задоволни доколку оваа година се доближиме до овие бројки – нагласи денеска доц. д-р Маја Мојсова, национална координаторка за трансплантација на органи на прес-конференцијата по повод 14 март Светски ден на бубрегот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...