Шестмесечно бебе, дете на Јасин Даниз, сопственик на турската фабрика „Џинси Србија“ во Лесковац, Србија, паднало од тераса од втори кат во центарот на градот и се наоѓа во критична состојба.
Додека мајката пружала алишта на терасата, малечкото се протнало меѓу решетките и паднало на бетонот. Родителите веднаш истрчале надвор и го пренеле бебето во болница.
Бебето има прелом на главата и е итно префрлено на Детската неврохирургија во Ниш каде што лекарите се борат за неговиот живот.