Шесткратниот убиец во Загреб е татко на преживеаното бебе

1122

Убиството на шест лица во загрепската населба Кајзерица го извршил Игор Наѓ (36) од Вуковар, јавуваат хрватските медиуми, нагласувајќи дека тоа е „едно од најжестоките злосторства од хрватската независност“.

Убиени се мајка, татко, две ќерки, син на една ќерка и момче на другата.

Загрепски „Јутарњи лист“ пренесува дека се убиени сестрите Маја и Јосипа, 10-годишник, кој најверојатно бил син на Маја, додека убиецот, според првите и неофицијалните информации, бил момче на Маја.

Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот и во моментов се наоѓа во Дом за деца.

Убиецот се самоубил при апсењето, а мотив за убиството најверојатно е љубомора.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...