Шестгодишно дете и двајца тинејџери се повредени откако мотоцикл удрил во детето вчера во 18 часот во селото Марино, Скопско, соопшти полицијата.
Мотоцикл „лонгија баутијан“ без регистарски ознаки, управуван од 16-годишно лице од селото Кадино, удрил во шестгодишно дете од населба Илинден. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило шестгодишното дете кое било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на мотоциклот на возраст од 16 години.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.