Шеснаесетгодишен моторџија е тешко повреден во сообраќајка

276

Шеснаесетгодишно момче од село Саса, Македонска Каменица, вчера било тешко повредено во сообраќајна несреќа. Момчето се возело на мотор, кој се судирил со автомобил.

Во 15.30 часот на локалниот пат село Моштица – Македонска Каменица, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „томос“ управуван од 16-годишно лице од село Саса-Македонска Каменица и патничко моторно возило „поло“ управувано од Д.М.(21) од село Тодоровци-Македонска Каменица, информира МВР.

Во незгодата младиот моторџија се здобил со тешки телесни повреди кој по укажаната лекарска помош во амбуланта во Македонска Каменица е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...