Шерон Стоун: Со принцезата Дајана бевме најпопуларни, таа загина, јас имав удар и веднаш нè заборавија

3128

Холивудската актерка, Шерон Стоун, на 61 година ја отвори душата во јавноста и зборуваше за кобната 2001 година кога доживеа тежок мозочен удар.

Тоа што најмногу ја погодило, раскажа таа, е односот на останатите луѓе кон неа откако го преживеа ударот.

Како што изјавила за Variety, благодарна му е на Бернард Арнаулт, член на групацијата LVMH и еден од најбогатите луѓе на светот, затоа што ја спасил со тоа што ѝ понудил договор со „Диор“.

– Морав да ја ставам куќата под хипотека. Изгубив сè, го немав веќе своето место во шоубизнисот. Ако не знаете, бев најзгодната актерка. Во тоа време принцезата Дајана и јас бев неверојатно познати и популарни, а потоа таа загина, а јас доживеав мозочен удар. Одеднаш, двете бевме заборавени – рекла Стоун, која денес е активна во јавноста и со акцијата за подигање на јавната свест за мозочните удари.

Таа зборувала и зошто се решила да зборува јавно на оваа тема.

– Знаете ли зошто го правам тоа? Мојата мајка имала мозочен удар, како и мојата баба. Јас имав тежок мозочен удар и девет дена крварење на мозокот, а потоа луѓето почнаа да се однесуваат многу лошо кон мене – изјавила актерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...