Шерон Стоун позира гола за „Вог“ на 61 година ФОТО

Згодната актерка се појавила на насловната страна за португалското, мајско издание на магазинот „Вог“.

4070

Американската актерка Шерон Стоун на 10 март наполни 61 година и тоа воопшто не ја спречува и понатаму да биде фатална заводничка.

Покрај очигледниот сексапил и провокативните сцени во филмовите, актерскиот талент на Шерон никогаш не бил оспоруван, па за филмот „Казино“ беше номинирана за Златен глобус и Оскар.

Шерон очигледно ништо не може да ја спречи. Годините за неа се само број, бидејќи секоја животна фаза ја обележала со насловни страни на списанија на кои била гола.

Така е и овојпат!

Згодната актерка се појавила на насловната страна за португалското, мајско издание на магазинот „Вог“.

Убавата актерка „им задава домашна работа“ и на многу помладите холивудски дами, бидејќи навистина изгледа неверојатно и во седмата деценија од животот.

Претходно, за „Ванити фер“ холивудската ѕвезда изјавила:

„Во оваа работа сум повеќе од 40 години. Видов сè. Но, по толку работа конечно дојдовме до точката ние жените да не живееме од мислењата на мажите, иако целиот свет им е подреден ним.“

Сега за магазинот „Вог“, Шерон дала интервју кое руши многу табуа.

Ништо нетипично за неа.

 

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...