Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на социјалните мрежи му ја честиташе наградата на премиерот Зоран Заев која тој ја доби на Минхенската безбедносна конференција заедно со неговиот грчки колега Алексис Ципрас.
„Честитки драг Зоран! Вечерва се гордеам што сум твоја заменичка во Владата. Понесовме голем товар, но со упорност и дигнитет го износивме. Нема поголемо задоволство од тоа да се соработува со премиер со импресивна решителност, храброст и далекувидост. Честитки и до премиерот Ципрас. Ова е вечер на прогресивните сили во регионов!“, напиша Шекеринска.
Двајцата премиери ја добија наградата „Евалд Фон Клајст“ за нивниот особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.