Шекеринска: Убедена сум, оваа година ќе преговараме со ЕУ

176

Убедена сум, бидејќи постојат дилеми, оваа година ќе преговараме со ЕУ. Секојпат кога имаме политичка волја и знаење сме успеале, порача вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во емисија на ТВ Телма, одговарајќи на прашања поврзани со датумот за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

Таа рече дека очекува во заклучоците на Советот на ЕУ да биде констатирано дека сме ги исполнуваме сите услови и дека тие ќе бидат поддржани од сите земји членки на Унијата.

– Тие очекувања и услови не се однесуваат само на договорот со Бугарија и Грција, туку пред се на домашните реформи што беа наредени во пет-шест многу сериозни области. Не постои ниту еден аргумент и алиби кој некој ќе го извади и да каже ова и ова не е завршено и тоа мислам дека ни ги засилува позициите оти тоа не е став само на Комисијата, туку ќе биде став на земјите членки. Тоа мора да го гарантираме во заклучоците поддржани од Советот, истакна Шекеринска.

Во однос на ставот на Холандија за Албанија, министерката рече дека Холандија го има тоа ограничување и оти тоа, според неа, нема да се промени во јуни или јули.

– Ние сакаме двете земји да почнат да преговараат оти мислиме дека е покорисно. Меѓутоа, во одреден момент секој има одговорност да ја бутка агендата на својата земја. Франција гледа дека сега немора да излезе со одговор затоа што Германија нема време за да пресече, појасни Шекеринска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...