Со Одлука на Владата и со Решение на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, повторно се воспоставува ред во начинот на давање под закуп на недвижен – државен имот кој е под управување на Министерството за одбрана, соопшти МО.
Министерството за одбрана денеска објави Оглас за давање под закуп на деловни простории по пат на електронско јавно наддавање за период од седум години. Огласот е објавен на интернет страницата како и во печатените медиуми. Предмет на закуп ќе бидат повеќе деловни простории со различна големина и тоа во Скопје – општина Кисела Вода, во Битола, во Кичево и во Тетово. Право на учество на јавното наддавање имаат сите домашни и странски физички и правни лица, а крајниот рок за пријавување за учество на јавно наддавање е 29 јуни 2018 година. Постапката ќе ја спроведе Комисија на Министерството за одбрана на целосно транспарентен начин, при што ќе бидат запазени сите пропишани процедур, стои во соопштението.
Во текот на следната недела ќе биде огласен и простор во Дом на АРМ.