Шекеринска: Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Сенатот може да се случи во септември

Министерката за одбрана рече дека добила уверување од Пентагон и од Стејт департментот дека подготовките се во тек.

443

Ратификацијата на Протоколот за НАТО во Сенатот може да се случи во септември, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на дебата во Германскиот маршалов фонд во Вашингтон, јави Гласот на Америка.

Со тоа, рече таа, ќе и се овозможи на државата да го заврши целиот процес на ратификација пред Самитот на НАТО во Лондон.

– Почнавме со Пентагон, се преселивме во Сенатот, и потоа пак се вративме во Пентагон за да ја испратиме пораката од Сенатот, а тоа е дека треба да побрзаат. Имаше интерес меѓу сенаторите со кои разговаравме, како и чувство кај извршната власт, дека не смееме да дозволиме грешки кога успехот е видлив. Голема лекција што ја научивме од минатата година, всушност уште од почетокот на нашиот мандат, е дека ако сакаме нешто да направиме не треба да го одложуваме. Добивме уверување од Пентагон и од Стејт департментот дека подготовките се во тек – изјави Шекеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...