Шекеринска: Претседател не треба да се избере како на избор за најдобра кола

192

Вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и денеска беше воздржана дали таа би била претседателски кандидат на претстојните избори.

– Не верувам во самокандидатури исто како што не верувам дека претседател треба да се избере како избор за најдобра кола или производ. Тука сме да зборуваме за тоа што работевме последна година и пол и за тоа што ќе работиме во иднина. Нашиот фокус е да ги решаваме проблемите, кој каде ќе биде е второстепено. Успеавме само затоа што работевме заедно, а не како кандидати за нешто идно – рече Шекеринска на денешната прес-конференција на тема за реформите и интеграциите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...