Шекеринска: Неделава клучна и за кандидат за претседател и за можни парламентарни избори

419

Оваа недела се очекуваат сериозни разговори и во рамки на владејачката коалиција и во СДСМ во врска со тоа дали заедно со претседателските ќе се одржат и вонредни парламентарни избори, но и во врска со претседателските кандидати.

Ова го истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со нејзиниот словенечки колега Карл Ерјавец.

– Јас како човек кој има позиција во Владата, но и како човек со позиција во СДСМ сакам прво да им ги соопштам своите ставови на своите колеги, а потоа во медиумите – рече Шекеринска одговарајќи на тоа дали е за претседателски со предвремени избори и дали евентуално ќе се кандидира за претседател на државата.

– Сега целиот фокус е на она што го најавувавме и на почетокот на нашиот мандат, следните неколку недели да го реализираме тоа што го најавуваме и со тоа верувам дека на вистински начин ќе заслужиме поддршка на кои било избори, не да зборуваме за следното, туку да го испорачаме тоа што сме го кажувале и вчера и завчера и изминатата година – додаде таа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...