Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска ги посети касарните во Велес и Прилеп и имаше средба со градоначалникот на Прилеп.
Како што информираат од Министерството за одбрана, по средбата Шекеринска изјавила дека членството во НАТО први позитивно ќе го почуствуваат припадниците на армијата.
„Оваа година со покачувањето на буџетот за 15% успеавме да решиме 2 многу долгорочни проблеми – за првпат по долги години се зголеми платата на сите придници на АРМ за 10 % и за првпат пред два месеца почна исплатата на дневниците за дежурства“, истакнала министерката.
Исто така додала дека членството во НАТО ќе значи подобра, помодерна, подобро платена армија.
„Затоа сум убедена дека и во општината Прилеп и во другите општини граѓаните на 30 септември ќе го направат изборот со кој Македонија ќе ја потврдиме како земја со НАТО и европска перспектива, зголемена безбедност, повисоки инвестиции, подобри плати, повеќе работни места“, изјавила Шекеринска.