Шекеринска: НАТО го одржа зборот кон Македонија, сега е на ред ЕУ

171

НАТО го одржа зборот кон Северна Македонија, сега е на ред Европската Унија, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска на ГЛОБСЕК Форумот во Братислава, каде зборуваше на панелот на тема „НАТО на 80“.

Говорејќи за тоа како може да се опише делувањето на Алијансата во досегашната историја, министерката нагласи дека тоа може да се сумира во еден збор – брзина, особено кога станува збор за балканскиот регион.

– Како некој што изминатите години беше надвор од Алијансата, најверојатно повеќе го цениме нејзиниот успех, отколку што се грижиме за нејзините слабости. Од нашето искуство, како земја, а и лично, на два пати видов како НАТО функционира, и во време на криза и во време на можности. Во 2001 година видовме како НАТО ја презема одговорноста и презема акција. Тоа беше направено навремено, со вистинските мотиви, со вистинските политички инстинкти и со вистинскиот партнер – ЕУ. Комбинацијата на мерки, потези и политики успеа и ја и помогне на мојата земја – рече министерката.

Министерката истакна дека на подготвеноста на нашата земја да ги реши своите проблеми со соседите, и НАТО одговори со подготвеност да го придвижи процесот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Таа посветеност на овој процес, како што рече, може да се види и преку брзите ратификации на пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО.

Шекеринска нагласи дека ја очекува одлуката на Европскиот совет која треба да биде донесена околу отпочнувањето на преговорите со Република Северна Македонија, наведувајќи дека тоа што нашата држава му го даде на регионот и на ЕУ е еден од малкуте успеси, кои произлегуваат од покажаната храброст, но и поддршката и од НАТО и од ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...