Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска очекува за кусо време да се финализира реконструкцијата на Владата.
Таа денеска одговарајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Меѓународниот ден на Власите изјави дека и во овој момент приоритет се преговорите со Грција.
– Нашите клучни решенија се познати, меѓутоа во овој момент имаше приоритет прашањето околу преговорите со Грција. Очекувам за кусо време да се финализира реконструкцијата на Владата- рече Шекеринска