Шекеринска: Наскоро во Преспа ќе биде отворен граничниот премин „Маркова нога“

197

Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Битола на трибината „Фер општество – Шанса за сите“ истакна дека наскоро во Преспа ќе биде отворен граничниот премин „Маркова нога“.

– Во завршна фаза се преговорите меѓу министерствата за надворешни работи за отворање на граничниот премин „Маркова нога“ во Преспа на границата со Република Грција. Отворањето на граничниот премин ќе значи отворена врата кон ЕУ за цел регион, за жителите, малите бизниси…и затоа од ЕУ велат дека ќе обезбедат и дополнителни средства. Сакаат со дела и со средства да покажат дека политиката на добрососедство дава резултати. Тоа позитивно ќе се одрази за Битола и битолскиот регион, поголема меѓуопштинска соработка со соседните општини, а со ставањето во функција на железницата која до граничниот премин е во завршна фаза, ние ќе дадеме дополнителен мотор за локалниот и регионалниот развој – потврди Шекеринска.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, дополни дека во функција отворањето на новиот граничен премин подготовки врши и Царината во Република Севрна Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...