Шекеринска: „Метлата“ не е доволна, мора целосно да ја раздрмаме државната управа

На прашањето, дали и таа ќе биде опфатена со „метлата“ на премиерот Зоран Заев, Шекеринска мисли дека е некако невоспитано секој од партиципиентите во Владата да одговара за себе во контекст на најавените промени во екипата на премиерот.

2274

Никој од нас не може објективно и чесно да каже дали ќе биде сменет, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска во интервју за Инбокс7.

Министерката за одбрана смета дека проблемите со војската и касарните се решаваат полека, бидејќи ништо не можело да се смени преку ноќ.

На прашањето, дали и таа ќе биде опфатена со „метлата“ на премиерот Зоран Заев, Шекеринска мисли дека е некако невоспитано секој од партиципиентите во Владата да одговара за себе во контекст на најавените промени во екипата на премиерот.

– Она што знам е дека како држава овие две години успеавме многу работи да ги промениме до непрепознавање. Има и многу работи кои не ги завршивме и сега кај тие работи кои не ги завршивме треба да направиме не само кадровски промени, треба нешто да промениме во системот, затоа што и нов министер и нов директор со ист систем повторно ќе биде неуспешен. Мислам дека мора да ја раздрмаме целосно државната управа, не само од министри, туку сите кои работат да сфатат дека кога ќе се вработиш во администрација не добиваш само плата, туку и одговорност и дека таа одговорност не е ливчето да му го предадеш на колегата и да му кажеш не е до мене. Најлесно е да кажеш не е до мене. И со право граѓаните, бизнисите се лутат и се критични кога гледаат дека институциите играат пинг-понг со нив. Тоа не е грешка само на некој министер или директор. Системот толку станал трул, толку станал зависен од добрата волја на администрацијата, некој ќе го крсти добра волја, некој корупција можеби, што ако тој дел не го промениме, ниту една метла нема да биде доволна за граѓаните – вели Шекеринска додавајќи дека е свесна дека од Владата се очекуваат промени во суштина, а не во шминка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...