Шекеринска: Инситуциите да ги истражат новите снимки на Јутјуб

702

Времето на насилство е зад нас, институциите да ги истражат снимките кои се појавија во медиумите, рече заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање во врска со објавените снимки на Јутјуб на кои се претпоставува дека е сведок од случајот „Рекет“.

Да, имав прилика да ги слушнам, иако избегнувам такви разговори да слушам, но имам обврска тоа да го правам. И за прв пат видовме разговор каде што се зборува за насилство и кон семејства, не сакаме да прејудицираме. Ние, особено претседателот на нашата партија измина низ период кога заканите беа секојдневна работа и не сакаме тоа време да се врати – рече Шекеринска.

Очекуваме, додаде таа, институциите што се задолжени, за безбедност, анализи и истраги тоа да го направат, а не да претпоставувам или прејудицираме ние од страна.

На прашањето дали овие снимки покажуваат чин на нервоза поради најавите за отворање на судски процес за незаконско финансирање на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори, Шекеринска одговори дека не сака да ги поврзува работите без да има аргументи, меѓутоа се уште очекува одговор на многу едноставно прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...