Шекеринска: Зошто три дена патуваше налогот за Груевски од судот до МВР?

3232

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го впери прстот кон Судот кој не се решил да одреди притвор за Никола Груевски, напоменувајќи дека таа мерка се одредува и за многу поситни дела.

– Одредени судски инстанци одлучуваат за притвор и за многу поситни дела, а како по прашањето на „бомбите“ и по прашањето на одговорност на сите овие злоупотреби, тешко се одлучуваат за притвор. Не можеме како Влада да се мешаме во судската власт. Со право ќе бевме критикувани ако МВР реагираше пред да има официјален налог. А, сега треба судството да истражи. Зошто за овие лица тешко одредуваа притвор, а веќе им избегаа одредени луѓе, и зошто им требаше три дена за налогот од Суд да стигне во МВР? – праша Шекеринска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...